Блинкен разговараше со западни дипломати за координирање на одговорот на иранскиот напад

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Германија, Франција и Италија за иранскиот напад врз Израел и важноста од координирање на одговорот на тој напад, соопшти Стејт департментот.

Loading...

Блинкен разговараше за важноста на спроведувањето на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН со министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Леми, германската министерка за надворешни работи Анале Бербок, францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро и италијанскиот потпретседател и министер за надворешни работи Антонио Тајани безбедносна област во јужен Либан, како и зајакнување на мисијата на ОН во таа земја и воспоставување услови за враќање на Израелците и Либанците во близина на границата меѓу двете земји во своите домови.

Тие, исто така, разговараа за координирање на напорите за решавање на конфликтот во Појасот Газа преку постигнување договор за прекин на огнот што ќе овозможи договор за ослободување на заложниците што ги држеше Хамас, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.