Блинкен: Конспиративни обиди од Русија да ја дестабилизира владата во Молдавија

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по средбата со молдавската претседателка Маја Санду на маргините на 59. Минхенска безбедносна конференција, изрази загриженост за „заговорните обиди кои доаѓаат од Русија за дестабилизација на владата во Молдавија“.

Loading...

Тој рече дека ги цени напорите што земјата ги прави за да се заштити. САД цврсто стојат со Молдавија во поддршка на нејзината безбедност, независност, територијален интегритет и реформските напори преземени од претседателот и владата, соопшти Стејт департментот.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, им се заблагодари на САД за сеопфатната помош што земјата ја добива „во соочувањето со тешки предизвици во енергетиката, економијата и безбедноста“, се додава во соопштението.