Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на разговорот со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан побарал Турција повеќе да се вклучи во конфликтот со Хамас и нагласил дека фокусот на САД е да ги запрат нападите на Хамас и да ги ослободат сите заложници, пренесува Ројтерс.
Loading...
Во саботата, откако Хамас ги започна нападите врз Израел, Фидан разговарал со колегите од Катар, Саудиска Арабија, Египет, Палестина и Иран, според неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.
Претходно турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Анкара е во близок контакт со сите страни и е подготвена да помогне во деескалација на ситуацијата.