Блинкен и Ванг за ситуацијата на Блискиот Исток и односите меѓу САД и Кина

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше за неговото неодамнешно патување на Блискиот Исток и за американските дипломатски напори во регионот со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Loading...

Двајцата ја истакнаа важноста да се надгради напредокот постигнат за клучните прашања на самитот меѓу американско-кинескиот претседател Џозеф Бајден и Кси Џинпинг во Калифорнија во ноември.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека промовирањето здрави, стабилни и одржливи односи меѓу Кина и САД е важна задача за Пекинг, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува Ројтерс.

За време на минатомесечниот разговор во Сан Франциско, Бајден и Си се согласија нивните земји да ја продолжат комуникацијата на ниво на двете армии и да соработуваат во борбата против трговијата со дрога, пренесува Танјуг.