Бројот на вработени во Германија во вториот квартал е зголемен за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци, покажуваат податоците на заводот за статистика Дестатис.
Во периодот од април до јуни се вработени вкупно 45,9 милиони лица, за 240 илјади повеќе од претходниот квартал, објави заводот за статистика.
Но, сезонското зголемување на вработеноста е вообичаено напролет, а годинава е послабо од истиот период лани, пишува Хрпорфолио.
Сезонски прилагодените податоци покажуваат дека бројот на вработени во вториот квартал е зголемен за само 67 илјади или 0,1 отсто.
Во Дестатис заклучуваат дека моментумот на растот на вработеноста се забавува.
Споредено со истиот квартал лани, бројот на вработени е зголемен за 0,7 отсто, што е послаб од просечниот раст во ЕУ и еврозоната, од 1,3 отсто, односно 1,5 отсто.
За зголемувањето на вработеноста во Германија најмногу придонесе услужниот сектор.
Сепак, и индустрискиот сектор вработи повеќе луѓе отколку во истиот период минатата година.
Но, повторно е намален бројот на самовработени и вработени во земјоделството и шумарството, покажува извештајот.
Во трите месеци заклучно со јуни, секое вработено лице просечно работело вкупно 319,1 часа.