Водостојот на реката Пчиња бележи благо зголемување во однос на изминатиот период, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Четиринаесет сантиметри покажала мерната станица на УХМР утринава во 07:30 часот во атарот на селото Пелинце, што е благ пораст во однос на 10те сантиметри колку што изнесуваше водостојот скоро целиот месец.
Сепак, ова и натаму е далеку под просекот за овој период од годината кој изнесува 32 сантиметри.
Никола Ивановски

