Благ пораст на температурите, во недела нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло, со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 30 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во следните два дена ќе има извесно зголемување на облачноста со натамошен пораст на температурата на воздухот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

Во недела ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Никола Ивановски