Слабо исчистените тротоари во градот и почетокот на школската година за 10 до 15 проценти го зголемија бројот на пацинети на хирушкото одделение во кумановската болница кои бараат помош поради набиеници и скршеници на екстремитетите .
Началникот на Одделението за хирургија, доктор Методија Димковски апелира граѓаните да внимаваат како се движат со оглед на заледените површини кои се најчеста причина за пад и здобивање повреди.
По наши податоци од почетокот на школската година вчера имаме така еден зголемен прилив на повредени, ако минатата недела просечно 30-40 повреди збринувавме во нашата хирушка амбуланта од кои десетина беа скршеници сега имаме 43 точно за вчера од кои пак 11 се скршеници, девет се збринети кај нас, а две се пратени во Скопје, значи малку незначително 10-15% имавме повеќе повреди вчера. Ако споредиме со викендот кој беше релативно мирен, вчера прв школски ден интензивно десетина посто повеќе повреди – рече Димковски.

