Благ пад на цените на нафтата

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во петокот до 98 долари, бидејќи се намалија стравувањата дека санкциите против Русија поради нападот врз Украина ќе ја опфатат руската нафта и гас.

Loading...

На лондонскиот пазар цената на барелот за испораки во април падна за 1,06 долари во однос на претходното затворање, на 98,02 долари, по краткиот скок на 101,99 долари.

 

Небото над Украина е празно: Сите авио-компании ја избегнуваат (ФОТО)

 

Во поактивни договори за испорака во мај, таа беше пониска за 64 центи на 94,78 долари.

На американскиот пазар барелот се тргуваше по цена пониска за 31 цент, по 92,5 долари. Исто така, накратко се искачи на 95,64 долари, пренесува SEEbiz.

Нападот на Русија врз Украина ја зголеми цената на нафтата над 100 долари во четвртокот, за прв пат од 2014 година. Во Лондон достигна 105 долари, но по затворањето цената падна.

Loading...

Илјадници луѓе во Украина ги напуштија своите домови бегајќи од конфликтот, а американскиот претседател Џо Бајден воведе санкции кон Русија, што го отежнува нејзиното работење во клучните странски валути. Мета беа и банките и државните компании.

 

Меѓу цивилните жртви три деца, вели украинската амбасадорка во Македонија

 

Обединетото Кралство, Јапонија, Канада, Австралија и Европската унија (ЕУ), исто така, воведоа санкции кон Москва, а Германија ја суспендираше сертификацијата на гасоводот од 11 милијарди долари, што треба да го удвои снабдувањето со руски гас.

Руската нафта и гас нема да бидат директно засегнати од санкциите, истакна американскиот функционер.

Русија е втор најголем светски производител на сурова нафта и главен снабдувач на гас во Европа.

Бајден нагласи дека Соединетите Американски Држави (САД) работат со други земји на комбинирано ослободување на поголеми количества нафта од стратешките резерви.

Loading...

 

Русин „им одржа лекција“ на руските војници: „Што барате овде, зар немате своја држава“ (ВИДЕО)

 

„Се чини дека европските и американските политичари засега се воздржуваат од санкции против Русија во енергетскиот сектор, бидејќи тоа ќе и наштети на Европа исто толку колку што ќе и наштети на Русија, ако не и повеќе“, рече Бјарне Шилдроп од СЕБ.

Сепак, водечките купувачи на руска нафта имаат потешкотии да добијат банкарски гаранции и да најдат бродови, изјавија извори за Ројтерс.

Производителите собрани во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници засега не покажуваат дека се подготвени да го зголемат производството во април повеќе од договорените 400 илјади барели дневно, и покрај скокот на цените над 100 долари.

 

Што е SWIFT и зошто Западот не сака да го користи против Русија?

Loading...

 

Групацијата, во која е и Русија, ќе ја преиспита производната политика на состанокот закажан за следната среда.

ОПЕК одделно објави дека цената на барел нафтени корпи на нејзините членки во четвртокот изнесува 101,22 долари, што е зголемување за 5,12 долари во однос на претходниот трговски ден.