Трејлерот за македонската серија „BLACK OPS“ синоќа беше промовиран во Скопје, а сега веќе е достапен и на Јутјуб.
Станува збор за домашна серија во продукција на Artistic Film Production, а во реќија на Били Дурмишовски.
„Black Ops“ е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот.
Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство.
Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.
Дел од оваа серија се многу звучни имиња од македонската јавна сцена, меѓу кои и Давид Мука, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов…
Во продолжение погледнете ја најавата за оваа спектакуларна серија: