Некои жители на морето поради својот изглед, но и застрашувачкиот начин на живот навистина се фасцинантни. Таков е видот риба паклара (Petromyzon marinus), долфа забеста риба, позната по тоа што цица крв од други морски животни.
Пакларите претжено напаѓаат други жители на длабочините на морето, но пред некој ден снимена е необична глетка – рибата нападнала брод.
– Во близина на Мљета снимена е паклара која се фати за бродот. Пакларата со обидовме да ја отстраниме со мезомаринера, но таа упорно се враќаше. Иако кај нас пакларите се многу ретки, ова однесување често се забележува. Затоа постојат претпоставки дека пакларите се прикачуваат на домаќинот и како „автостопери“ при селењето. Но, поверојатно е дека се фатила за бродот поради погрешна проценка на храната, се наведува на Фејсбук страницата.
Пакларата има неколку животни фази. За време на својата „морска“ фаза се обидуваат да пронајдат жртва на која ќе и цицаат крв. Тоа претежно се делфини, големи риби, желки, додека бродовите секако не се во таа група.