Азијатките ставаат тенки клинови во носните празнини за да што повеќе личат на жените од Западот. Така постигнуваат нивните носеви да изгледаат повеќе подигнато и да не бидат кружни на врвот, што е специфично за Азијатките.
Бизарниот тренд се појави пред две години во Јужна Кореја, а потоа се прошири и во Јапонија, Кина и на Тајван.
Во тие земји многу жени купуваат сетови кои содржат два закривени клинови со дожлина од 2 до 3 сантиметри и прибор за негово подесување. Интересно е што цената е симболична, чинат само една фунта, па така поволен е за сите жени, а може да се набави на сајтот за онлајн купување.
Во инструкциите кои се поставуваат на овој производ стои дека клиновите првин треба да се пласираат во носната празнина, а потоа со специјална клешта да се наместат да стојат под агол од 45 степени.