Бизарни предвидувања на Медведев: Распад на ЕУ, укинување на еврото, Четвртиот Рајх…

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател и сегашен втор човек во рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, објави прогноза за наредната година, односно список на настани што би можеле да се случат во текот на 2023 година.

Loading...

„Пред Нова година сите сакаат да прават предвидувања. Многумина практикуваат футуристички хипотези, натпреварувајќи се во предлагањето на најнеочекуваните, па дури и апсурдните. И ние ќе го направиме нашиот дел“, пишува Медведев на Телеграм, а потоа и самиот ги презентира своите предвидувања за новата година:

1. Зголемување на цената на нафтата на 150 долари за барел и на гасот на 5.000 долари за 1.000 кубни метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски војник: Украинците имаат злобна тактика. Слушаме мјаукање, не чека смрт

2. Враќање на Обединетото Кралство во ЕУ.

3. Распад на ЕУ по враќањето на Обединетото Кралство и укинувањето на еврото како валута на поранешната Европска унија.

4. Окупација на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија.

5. Создавање на Четвртиот Рајх врз основа на Германија и сателитите кои му се придружија (Полска, балтичките земји, Чешка, Словачка, Романија, Република Киев и други отпадници).

6. Војна меѓу Франција и Четвртиот Рајх. Поделбата на Европа, вклучително и новата поделба на Полска.

Loading...

7. Одвојување на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и Северна Ирска и приклучување кон Република Ирска.

8. Американска граѓанска војна, одвојување на Калифорнија и Тексас во независни држави. Создавање на сојузната држава Тексас и Мексико. Последователната победа на Илон Маск за време на претседателските избори во САД во некои од државите кои беа доделени на републиканците по Граѓанската војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Дали Трамп воопшто ќе ја забележи Европа?

9. Трансфер на сите поголеми берзи и финансиски активности од САД и Европа во Азија.

10. Колапс на финансискиот систем на Бретон Вудс, ММФ и Светска банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути. Враќање на златниот стандард. Транзиција кон активно користење на дигитални валути.

На крајот од предвидувањата, Медведев посака среќна Нова година.