Од скриени мртвечници до затворски ќелии за „здивени“ патници, луксузните бродови за крстарење се преполни со тајни. Некои од нив со шифри кои ги користи екипажот кога сака некои работи да ги сокрие од патниците. Доволно е ако се слушне дека некој вели „Браво“ или зборува за „црвени потпетици“ време е да го зграбите својот појас за спасување.
Над 21 милиони луѓе годишно се одлучуваат да патуваат на отворено море со некоја од најголемите компании за крстарење.
Меѓутоа, овие луксузни бродови имаат и свои мрачни тајни, особено кога се работи за опасни и вонредни ситуации, пишува „Сан“.
Што се случува кога патниците „ќе здивеат“?
Можеби сте среде бескраен океан, но тоа не значи дека можете да го избегнете законот ако се однесувате лошо, всушност, на море законите дури се и построги отколку на копно.
Поголемиот дел од времето екипажот ќе го држи гостот затворен во неговата кабина ако жестоко се скара со друга личност или ако премногу се напие. Меѓутоа, работите би можеле да санат и посериозни. Секој голем брод за крстарење има и свој мал затвор, претежно од неколку ќелии во близина на канцеларијата на безбедносната служба, за ситуации кога работите ескалираат.
– Во принцип за да ве испратат во тој затвор, тоа би морал да биде сериозен проблем, но во зависноста од сериозноста, можете дури и да бидете приведени во следното пристаниште. Ако пловите без застанување во пристаниште, би можеле да бидете вратени во својата кабина и таму да останете до крајот на патувањето, вели Кери Спенсер, уредничка на списанието „Круз критик“.
„Операција ѕвезда во успон“
Се проценува дека околу 200 луѓе годишно умираат на бродови за крстарење, а во случај на итна медицинска помош кога е во прашање живот или смрт, екипажот ја користи шифрата „Операција сјајна ѕвезда“ (Operation bright star). Алтернативно, персоналот би можел да каже: „Господин небесно тело“ (Mr. Skulight), „Алфа“ или „сино“ (Code Blue).
– Со оглед дека бродовите за крстарење во суштина се пловечки градови, главните линии содржат и болници со персонал која е на располагање 24 часа дневно за грижа за патниците. Овие објекти претежно се опремени за третирање на полесна здравствена состојба, рекла Спенсер.
Ако некој почине, екипажот за тоа зборува со помош на шифрата „Операција ѕвезда во успонот“, (Operation Rising Star).
Еднаш кога официјално ќе биде некој прогласен за мртов, телото на патникот се чува во торба во специјализирано дизајнирана мртовечница на бродот која претежно има место за по четири тела.
Телата потоа директно се истовараат во следното пристаниште, каде се издава смртница, а потоа со авион се испраќаат до нивните семејства.
Во зависност од тоа колку време останало за патувањето, телото може да остане на бродот па погребникот да го собере дури кога бродот ќе пристигне на крајната дестинација.
Алармантни ситуации
Смрт и итни медицински случаи не се единствените ситуации кои бараат сопствени кодни сигнали.
Поранешниот директор на „Карибиан круз“, Брандон Пресер, кој се грижел за доброто на повеќе од 6.000 патници и 2.000 членови на екипажот на најголемиот брод на компанијата, користел многу тајни фрази во текот на својот престој на палубата.
Шифрата „30-30“ е начин да повикате некој да го исчисти нередот, открил Пресер, велејќи дека само тој имал „чест“ да пријавува „ПВИ“ (инцидент со повраќање во јавноста, Public Vomiting Incident) во три наврати.
Шифрата „Браво“ значи дека некаде избил пожар, а „Кило“ е барање за сиот персонал да се јави на итни служби, што се случува во случај, на пример, на неопходна и итна евакуација.
– Бидете внимателни кога ќе слушнете шифра „Ехо“, затоа што таа се користи кога бродот ќе почне да плови или „Оскар“ што значи дека некој паднал од палубата во морето, рекол Пресер.
Ако се случи пожар на бродот можат да се користат и шифри како „Црвени партии“ (Red parties) или „Приоритет еден“ (Priority One).
Околу 20 луѓе секоја година исчезнуваат од бродови за крстарење, за нив се претпоставува дека паднале во морето. Кога тоа ќе се случи, „Мр. Моб“ или „Оскар, Оскар, Оскар“ се шифрите кои можат да се слушнат.
„Шифра црвено“ (Code Red) се однесува на избивање некоја болест, додека жолто (Code Yellow) и зелено (Code Green) се за помалку сериозни проблеми.
Смет во океанот
Со до 9.000 луѓе на најголемите светски бродови за крстарење, многу мора да се работи на тоа се да се одвива беспрекорно, дури и нешто што наизглед е едноставно како одложување на остатокот на храната или тоалетниот отпад е вистинска воена операција.
Секој брод има свој офицер за заштита на околината и да управува со строги поморски закони – така да фрлањето на отпад директно во морето е забрането. Колку и да е тоа можно, отпадот се рециклира, а тоалениот отпад се филтрира и потоа посебно третира пред да се фрли во морето.
Не грижете се ако видите брод за крстарење засидрен во морето, додека се сончате на плажата, не сте во опасност да се доближите до отпад освен ако не се доближите до бродот, затоа што тиа мора да бидат најмалку 12 наутички милји одалечени од брегод додека испуштаат смет во водата.