Една Швајцарка е тешко повредена откако излегла од автомобилот со вклучен мотор, а потоа три пати ја прегазил, соопшти полицијата во петокот.
45-годишната жена излегла од својот автомобил во станбена зона во Сент Гален во североисточна Швајцарија, можеби за да извади нешто од багажникот, соопшти регионалната полиција, а пренесува швајцарската новинска агенција АТС.
Но, тогаш автомобилот кој бил на блага падина почнал да се движи наназад.
Жената залудно се обидувала да го запре возилото, пред да падне на земја и првпат да биде прегазена.
Автомобилот потоа удрил во друго возило и се одбил од него пред да тргне во рикверц, прегазувајќи ја жената по втор пат, соопшти полицијата.
Откако удрил во ивицата, автомобилот повторно се упатил кон несреќната жена и трет пат ја прегазил, за на крајот да удри во дрвена преграда и да застане.
Жената е пренесена во болница во тешка состојба.