Џек Ма ја дознал „цената на неговата слобода“, а таа изнесува 26 милијарди долари.
Кинескиот гигант за е-трговија, чиј ко-основач е Ма, се соочи со пад на цените на акциите во Хонг Конг за дури 9,4 отсто пред неколку недели, откако кинеските државни медиуми објавија дека поединец – по име Ма – бил приведен во Хангжу (каде што е седиштето на Алибаба) поради национална безбедност.
Дали е ова причината зошто Украинците толку добро се бранат?
Според Си-Ен-Ен, според кинеската државна телевизија CCTV, осомничениот бил ставен под „задолжителни мерки“ на 25 април под сомнение дека „соработувал со странски антикинески непријателски сили“ за да поттикне „политичко отпадништво“ и „субверзија на државната власт“. Пишува Телеграф бизнис.
Документот со една реченица, кој брзо беше пренесен од други државни медиуми во Кина, предизвика бура во Хонг Конг, бришејќи приближно 26 милијарди долари од пазарната вредност на Alibaba, за неколку минути.
Ху Ксијин, поранешен главен уредник на државниот националистички таблоид Глобал Тајмс, побрза да објасни како извештајот е погрешен бидејќи името на осомничениот има три знаци.
Дали е ова причината зошто Украинците толку добро се бранат?
За среќа на компанијата, по појаснувањето – најголем дел од загубите ги вратија до крајот на работниот ден. Сепак, оваа реакција на пазарот дополнително покажува колку се исплашени и претпазливи инвеститорите во кинескиот технолошки сектор.