Дили Коирала (33) и Мимкоша Биста (30) е нововенчаниот пар од Непал кој бракот ќе може да го конзумираат по 14 години.
Причина за тоа е фатот што Коирала служи затворска казна во траење од 20 години поради убиството на својата прва сопруга, а засега одслужил само шест години.
Овој необичен пар со ова никогаш порано не се сретнал, до пред венчалната церемонија, пишува „Дејли мејл“. Ги споила мајката на Коирала која исто така е во затвор поради помагање на синот при убиството.
Ја убил својата жена, а јас својот сопруг. Неговата мајка ме сака и тоа е една од причините поради која ме привлече – раскажала Биста.
Направивме исти злочини, па нема да може да си префрлуваме еден на друг – рекол младоженецот.
Иако во различни затворски одделенија, одвоени по пол, парто сепак има дозвола да разговара два пати месечно.
Loading...