Вкупната вредност на пазарот на криптовалути остана речиси непроменета во последните 24 часа.
Loading...
Според веб-страницата Coingeco, тој е зголемен за 0,5 отсто и моментално изнесува 1,74 трилиони долари.
Биткоинот исто така поскапе за 0,6 отсто во изминатите 24 часа, а моментално се тргува по цена од 36.640 долари. На неделно ниво е забележана загуба од 9,8 отсто.
Итириумот изгуби 1,5 отсто од својата вредност за 24 часа, а моментално се тргува по 2.402 долари.
На неделно ниво неговата вредност падна за 20,6 отсто.