„Биткоин град“ е нова атракција на оваа земја: Ќе има забава, ресторани и аеродром

Сподели со своите пријатели

Ел Салвадор претходно објави дека планира да користи геотермална енергија од вулканот за напојување на електричната мрежа за да ја ископува најпознатата криптовалута.

Loading...

Владата на Ел Салвадор планира да изгради Биткоин Сити (град Биткоин) во близина на вулканот, а проектот ќе се финансира со криптовалути, објави претседателот на земјата, Наџиб Букеле.

 

 

Градот ќе има станбени и комерцијални населби, услуги, забава, ресторани и аеродром, а ќе биде изграден во близина на вулканот Кончагуа на југоистокот од земјата. Изградбата ќе започне во 2022 година, а градот нема да има други даноци освен оние за додадена вредност (ДДВ).

Потсетуваме дека Ел Салвадор во јуни донесе закон, со кој таа земја прва во светот го прифати биткоинот како законско средство за плаќање. Сепак, не сите нејзини жители го прифатија овој потег.

 

Loading...

 

Во септември илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат против законот, плашејќи се дека воведувањето на биткоин во оптек може да доведе до финансиска нестабилност во земјата, пишува CNBC. Лансирана е и апликацијата биткоин паричник, со цел да им се овозможи на граѓаните да ја користат оваа криптовалута.

Покрај изградбата на Биткоин Сити, Ел Салвадор планира да собере околу 1 милијарда долари со издавање на обврзница за биткоин во партнерство со компанијата за инфраструктура за дигитални средства Blockstream. Половина од средствата ќе бидат искористени за купување биткоин, додека останатите 500 милиони долари се планира да се инвестираат во енергија и инфраструктура за ископување биткоин, соопшти владата.

 

 

Ел Салвадор претходно објави дека планира да користи геотермална енергија од вулканот за напојување на електричната мрежа за ископ на биткоин, која троши огромни количини електрична енергија.

Loading...