Сопственикот на Твитер, Џек Дорси верува дека биткоинот може да биде клучот за мирот во светот.
Џек Дорси, Илон Маск и Кети Вуд учествуваа на онлајн конференцијата „The B Word“ пред неколку дена, за време на која разговараа за иднината на крипто-валутите, за која сите се оптимисти.
„Се надевам дека ќе создаде светски мир или ќе помогне во тоа“, рече Дорси за биткоинот.
– Сите овие монополи ги имаме надвор од рамнотежа, поединецот нема моќ, а износот на трошоците и нарушувањата што доаѓаат од нашиот монетарен систем денес се вистински проблеми – додаде Дорси.
– Сите оние одвраќања со кои треба да се справуваме секојдневно, ни го одземаат времето за поголеми проблеми, кои влијаат на секојдневниот живот на сите индивидуи на планетата. Треба да го поправиме тоа фундаментално ниво и сè што е над него се подобрува на таков драматичен начин. Тоа ќе биде долгорочна цел, но мојата надеж е дефинитивно мир – додаде коосновачот на Твитер, пренесува Индекс.
За време на панелот, Маск исто така покажа дека верува во биткоинот. Тој призна дека тој самиот ја поседува најпопуларната криптовалута, но не откри за која сума станува збор.
Покрај тоа, тој рече дека поседува и малку етериум, втора најпопуларна криптовалута, како и доџкоин, мимкоин, чија цена ја „испумпа“ со твитови.