Брзиот пораст на силите на Народно ослободителната борба и создавањето на голема слободна територија источно од линијата Куманово Врање не претставуваше опасност само за бугарските окупатори, туку и за четниците и нивниот „Вардарски корпус“.
Увидајвќи колку голема пречка за остварување на четничките планови претставува натамошното јакнење и разгорување на народното востание, во реонот на Козјак и Коќура Планина и горниот тек на реката Пчиња, во текот на ноември 1943 година, четниците презедоа крупни мерки со надеж дека ќе успеат да го уништат кумановскиот партизански одред односно баталјон.
За оваа цел тие најпрвин извршија насилна мобилизација на сите селани кои ги сметаа за свои симпатизери, а потоа од реонот на Оруглица, лесковачки крај, доведоа околу 600 луѓе.
Бидејќи располагаа со доволно количество оружје и муниција, тие се почувствуваа, не само посилни, туку и дрски и започнаа да протураат гласови дека добиле наредба да го очистат козјак од Партизаните.
Во штабот на кумановскиот баталјон „Орце Николов“ се онашто четниците преземаа се анализираше и проценуваше и се преземаа соодветни мерки.
Големото групирање на четничките сили на Руен и Козјак недвосмислено го наметнуваше заклучокот дека наскоро четниците ќе нападнат.
Целта на четниците многу јасно го наметнуваше и прашањето: што да се прави – да се прифати борбата со четниците или не.
По пошироката дискусија по ова прашање, по заслуга на командантот Христијан карпош, штабот на баталјонот донесува одлука да се прифати борбата против четниците.
За спроведување на оваа одлука најдобри услови пружаше селото Дренак, чиишто позиции му беа добро познати на Карпош. За таа цел баталјонот изврши марш и од регонот на село Добрача, преку Цвиланце и Алинце на 09.12.1943 година, дојде во селото Дренак.
Од сите прибрани податоци можеше да се заклучи дека четниците се групирани во селата Дејловце, Бахловце, Осиче, Жељувино, а нови сили пристигнуваат во селото Аљинце. Сето то укажуваше на едно – борбата со четниците е прашање на денот.
Кумановскиот баталјон „Орце Николов“ имаше 141 борец, од кои 16 без оружје, додека четничкиот „Вардарски корпус“ (пет бригади) околу 900 луѓе, добро вооружани и снабдени со муниција.
На 10 декември, околу 7 часот, командантот Карпош ги изведе четните раководства и со нив на позициите изврши изведување.
По завршеното извидување, околу 8 часот, беше забележално дека баталјонот е опколен од сите страни.
Четниците ги зазеле сите позиции што го оградуваа селото Дренак. Се издаде кратка наредба нашите чети да ги заземаат своите позиции. За кратко време баталјонот успеа да организира активна одбрана. За оваа задача поволни услови даваа камените огради на селските куќи. Со оглед на големата надмоќност, што четниците ја имаа во луѓе, оружје и муниција, на редбата на Карпош гласеше – да се пука само во месо односно кога погодокот е точен и убиствен.
Околу 9 часот борбата започна. Отворајќи силен огин од сите страни, четниците почнаа да го намалуваат растојанието од 1 км. За еден час четниците успеаја да се доближат до нашите позиции на 200-300 метри, а околу 11 часот и поблиску. Иако нашите добри стрелци успеаја да убијат десетина четници, тие се упорни и вршат јуриш во правецот Здравчи Камен – Дреначка црква, со цел да ги завладеат позциите што ги брани нашата втора чета.
Околу 12 часот непријателот, наспроти загубите, успеа да се доближи и на 50 метри. Во овој критичен момент, позицијата на втората чета, што најмногу беше загрозена, доби засилување во пушкомитралески и автоматски јак огон. Со тоа нападот на четниците беше сопрен. За ова време четниците натискаат и од други страни. Нашите борци, благодарение на добрите позиции зад камените огради, на непријателот му нанесуваат загуби.
Сите обиди на четниците од 12 до 14 часот да извршат јуриш на нашите пзиции не успеа. По 14 часот тие извршија уште еден јак натисок и минаа во јуриш. Се доближија на растојание од 30 метри. Започна борба гради в гради. Но, заради тоа што четничкиот јуриш не беше едновремен на сите нападни правци, нашите борци успеаја да го извршат јришот северно од црквата и командантот Карпош со 30 одбрани борци минува во контранапад и ги отфрлува четниците за 250 метри. Непосредно пред мракот борбата престана.
Борбата кај селото Дренак имаше широк одзив како во Куманово, така и на Козјачијата.
По неа угледот на партизаните и на комантантот Карпош порасна, а четниците претрпувајќи целосен бојнички неупсхе, почнаа да го губат и политичкото влијание. Народот на Козјак и Руен се убеди на дело дека четниците се слуги на окупаторот и народнипредавници, а партизаните единствени заштитници на неговите животни интереси.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Пишува: Дане Цеков
Извор: „Наш весник“ број 8 (четврток, 15 февруари 1962. година)
фото: илустрација