Бионтек ќе примени нова технологија за производство на вакцина против маларија

Сподели со своите пријатели

Германската фармацевтска компанија Бионтек планира да ја искористи новата mRNA технологија со која ја разви вакцината за коронавирус за да направи вакцина против маларија.

Loading...

Компанијата објави дека ќе започне клинички испитувања на „безбедна и високо ефективна вакцина против маларија“ до крајот на годината.

Бионтек и нејзиниот американски партнер Фајзер ја развија првата призната вакцина за коронавирус направена со технологија mRNA.

Фабриката за производство на таа вакцина, објавија тие, сакаат да се развиваат и во Африка.

Минатата недела беше објавено дека Институтот за серум во Јужна Африка ќе биде првиот на африканскиот континент што ќе започне со производство на вакцина против коронавирус.

Бионтек разви вакцина и за туберкулоза и за неколку видови на рак.

Leave a Reply