Традиционално и оваа година Српската заедница во Македонија – регионален одбор во Куманово организира дочек на Православна Нова Година или „Српско вече 2017“.
Дочекот е традиционално во ресторан Грација, а специјални гости се познатите пејачи од Србија, Биљана Сечивановиќ и Дарко Филиповиќ.
И оваа година Демократската партија на србите во Македонија и Српската заедница ќе се вклучат во одбележувањето на Бадник и Божиќ, кое ќе започна најпрвин со сечење на Бадниково дрво, оваа година во село Тромеѓа, кумановско.


