Биле заглавени во авион 8 часа: Кога им дошло преку глава, се степале па интервенирала и полицијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патници во авионот паркиран на аеродромот Џон Ф. Кенеди физички се пресметале откако во леталото, поради организациски пропуст, биле повеќе од осум часа.

Loading...

Тие во петокот се качиле на летот за Мајами, но авионот не полетал, па патниците останале внатре, пишува CBS.

Првин им било кажано дека причината е лошото време, а подоцна дека е поради метеж во авио сообраќајот. Фрустрацијата го достигнала врвот кога им било соопштено дека во авионот мора да се наточи гориво.

Патниците на социјалните мрежи го споделиле своето искуство наведувајќи дека имало викање, врескање на деца, карање со персоналот и меѓусебни физички пресметки на патниците, поради што интервенирала и полицијата.

– Немаме храна. Персоналот не нуди ништо освен оправдувања. Ова е ужасно искуство, напишал на Твитер еден од патниците Хуан Андрес Ахмад.

Подоцна додал дека ситуацијата во авионот целосно изглегла од контрола.

– Луѓето се пресметуваат, физички и вербално. Полицијата е во авионот, целосен хаос. Го разбирам чекањето поради лошите временски услови и сите сакаме сигурно да летаме, но тука не се работи за тоа, туку за начинот на кој Делта владее со ситуацијата, напишал тој.

Авиокомпанијата негирала дека состојбата била толку лоша.

Loading...

Летот број 2385 од ЈФК во Мајами бил одложен поради лоши временски услови, како во Њујорк, така и во Мајами.

Патниците биле понудени со вода и грицки, но и со автобус за да се вратат на терминалот, соопштуваат од компанијата.

Leave a Reply