Флавил, кој се разбудил од кома по 10 месеци, започнал да комуницира со своето семејство со насмевки и трекање.
На 1 март 2020 година, три недели пред првпат да се воведе карантин во Велика Британија – Џозеф Флавил бил удрен од автомобил недалеку од неговата куќа во Татбери (Стафордшир).
Во тоа време, Џозеф се подготвувал за завршните испити на Академијата Ферерс во Бартон и бил кадет на младинскиот корпус за обука на британското воено воздухопловство. Тој бил итно пренесен во Општата болница во Лестер, каде лежел во кома шест месеци, а потоа префрлен во Центарот за невролошка рехабилитација „Адерли Грин“ во Стоук на Трент.
За тоа време, тој имал двапати ковид-19: еднаш додека бил е сè уште во кома и еднаш откако се разбудил. Покрај тоа што ги отворил очите, тој бил во можност да ги движи рацете и нозете последните неколку недели.
Неговата тетка Сали Флавил Смит за британските медиуми изјавила дека Џозеф не знае ништо за пандемијата, бидејќи „спиел“ скоро 10 месеци.
“Не знам од каде да започнам. Ако некој ми кажеше пред една година што ќе се случи минатата година, мислам дека не би му верувала. Не знам дали Џозеф ќе разбере што се случи”, вели таа .
Семејството на Џозеф преку видео повик се обиделе да му објаснат дека тие не можат да бидат со него поради мерките против ширењето на коронавирусот.
“Кога е буден, се обидуваме да му објасниме дека би сакале да бидеме таму и да го држиме за рака, но едноставно не можеме. Тој сè уште не ги разбира размерите на пандемијата”, рече Сали Флавил Смит.
Тинејџерот, кој се лекувал во општата болница во Лестер, бил префрлен во специјализиран центар за опоравување во Стоук на Трент. Почнал да ги движи екстремитетите доброволно и комуницирал со семејството и пријателите со трепкање и насмевка.
Пред несреќата, Џо бил во одлична физичка и здравствена форма, страсно играл хокеј и крикет, сурфање на ветер и скијање. Тој требало да ја добие наградата „Златен војвода од Единбург“ за достигнувања во спортот во Бакингемската палата.