Бил прогласен за државен непријател број 1: Животот на познатиот гангстер и денес интригира! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од септември 1933 до јули 1934 година, на насловните страници на тогашните весници доминирала бандата на еден човек.

Loading...

Џон Херберт Дилинџер е најпознатиот американски ограбувач на банки, а тој и неговата банда убиле 10 и раниле седум лица.

Тоа било време на големата криза или Големата депресија и прохибиција. И тогаш Чикаго добил статус на вистински гангстерски град, но и град на џез и мјузикли.

Во текот на 1920-тите и 1930-тите, гангстерите Џони Торио и Ал Капоне имале контрола врз голем дел од градот. Но и јунакот на оваа приказна, познатиот ограбувач на банки и легендата на американските затвори – поточно, бегајќи од нив.

Џон Дилинџер е роден на 22 јуни 1903 година во Оук Хил, Индијанаполис. Кога имал три години, мајка му умрела, а подоцна имал затегнати односи со маќеата. Често влегувал во неволја, а на крајот го напуштал училиштето.

Неговиот строг татко ги преселил на фарма во блискиот Мурсвил, но преселувањето немало големо влијание врз однесувањето на Дилинџер.

Тој се приклучил на морнарицата во 1923 година, но дезертирал по само неколку месеци.

Дилинџер потоа се оженил со 16-годишната Берил Ховиус и се вратил во Индијана.

Loading...

Веќе во септември 1924 година, тој бил фатен како краде од продавница за храна и го поминал поголемиот дел од следната деценија во државниот затвор во државата Индијана.

Таму „го научил занаетот“ од други затвореници – разбојници – и по условното ослободување на 10 мај 1933 година, решил своето знаење да го претвори во профит.

Во следните четири месеци ограбил пет банки во Индијана и Охајо и стекнал репутација на храбар и опасен гангстер.

Следната година ја поминал или во затвор или во грабежи. Во периодот од 21 јуни 1933 година – до 30 јуни следната година, ограбил 13 банки и „заработил“ над 330.000 долари (денес околу 6,6 милиони).

 

 

Легендарно бегство

Loading...

Во септември 1933 година, Дилингер бил уапсен и затворен во Охајо. Меѓутоа, следниот месец, тој бил спасен од пет поранешни осуденици чие бегство од државниот затвор во Индијана тој претходно го финансирал и планирал; шерифот бил убиен за време на инцидентот.

Дилинџер и неговата банда потоа ограбиле банки во Индијана и Висконсин и побегнале на југ, во Флорида, а потоа во Тусон, Аризона, каде што биле откриени и уапсени од локалната полиција.

Дилинџер бил екстрадиран во Индијана и сместен во затворот Краун Поинт. На третиот ден од март 1934 година, тој го направил своето најславно бегство.

Во парче дрво издлабил пиштол со жилет и го обоил во црно со лак за чевли. Успеал да помине покрај десет чувари со лажен пиштол (и двајца од нив наводно заклучил во ќелијата каде што бил).

Излегол од затворот со песна, му ја украл колата на шерифот и се упатил кон Чикаго.

Кражбата на службениот автомобил го прекршила Националниот закон за моторни возила, што е федерален прекршок во таа држава. Тогаш во истрагата се вклучил и ФБИ. Џон Дилинџер бил прогласен за непријател број еден на државата.

Следело легендарното пукање на 22 април 1934 година, кое се случило во туристичкиот град Мала Бохемија во северниот дел на Висконсин. Тогаш биле убиени двајца агенти на ФБИ, а покрај големата заседа на „момците во сино“, Дилинџер уште еднаш се извлекол.

По престрелката во Мала Бохемија, Џон се криел во Чикаго неколку месеци, па дури имал и неколку  пластични операции за да го промени својот изглед.

Loading...

Благодарение на најавената награда за информација каде се крие Дилинџер, ФБИ дошле до информација дека тој ќе биде во киното Биограф на 22 јули.

Иронично, тој го гледал филмот „Мелодрама на Менхетен“ со легендарниот Кларк Гејбл во главната улога, за криминалец кој е осуден на смрт.

Во 10:30 часот Дилинџер и неговите придружници го напуштиле киното, кога покрај вратата здогледал детектив кој запалил пура како сигнал до колегите.

Дилинџер брзо сфатил што се случува – го грабнал пиштолот и се упатил кон блиската уличка. Пет истрели биле испукани од пиштол од тројца агенти на ФБИ. Три куршуми го погодиле Дилинџер.

Во 10:50 часот, Џон Дилингер бил прогласен за мртов во мала соба во болницата „Браќата Алексиан“.

Телото на одметникот два дена било изложено во Чикаго, а го посетиле 15.000 луѓе. После тоа, бил погребан во Индијанаполис, во зацементиран гроб за некој да не го украде лешот.

Loading...

Семејството на убиениот Дилинџер пред неколку години побарало ексхумација на неговото тело поради сомневање дека убиениот тој ден не е нивен вујко.

Ексхумацијата била одобрена во 2019 година, но сè уште нема добиено епилог.