Бил професионален убиец на Ескобар: Убил 250 луѓе, одлежал 23 години, а еве со што се занимава денес (видео)

Сподели со своите пријатели

„Јас сум професионален убиец. Убивам за пари. Убивав и од љубов и почитување кон Пабло Ескобар“, вели Џон Хаиро Веласкез познат како Попај.

По 23 години во затвор овој професионален убиец решил да си ја олесни душата. Според негово признание во кариерата на џелатот убил 250 луѓе.

Сега еЈутјуб блогер со над 250.000 следбеници, а неговата крвава приказна е преточена во книги, серии и филмови.

Џон Хаиро Веласкез бил убиец од доверба на еден од светски најпознатите трговци со дрога.

Во затворот, поради своите злостосртва минал 23 години и 3 месеци. Тој смета дека со тоа го платил својот долг за своите злочини.

– Со своја рака убив 250 луѓе, а од целата организација страдаа над 50.000 лица. Јас сум експерт за тероризам, киднапирање и сите други видови криминал, вели Веласкез.

Картелот на Ескобар е одговорен за илјадници убиства, но и покрај тоа и натаму е популарен, неговите постери и графити може да се видат насекаде.