Седумгодишниот Роуин Монтгомери бил мета на училишните насилници поради неговиот изглед. Сепак, тој одлучи дека тоа нема да влијае врз него и не го ограничува во ништо, па започна да снима мотивациони видеа за да им помогне на другите деца да го поминат истото.
“Разговаравме за тоа како да се прифатиш себеси и како не е важно што мислат другите за тебе. Важно е да си свој и тој го сфати тоа. Почна да прави видеа откако разговаравме за тоа”, рекла мајката на Роуин, Мишел Монтгомери.
Во една од нејзините снимки, Роуин зборува за тоа како секој е различен и „добар на свој начин“.
“Луѓето се со различни големини и различни бои. Секој може да биде свој”, рече тој.
Роуин започна да снима кога имаше четири години, но неодамна сподели снимки на Интернет.
„Многу сум горда“, додава неговата мајка.
Тоа храбро момче започна второ одделение и се надева дека ќе ги следи стапките на неговата мајка кога ќе порасне. Таа работи како специјалист за здравје во однесувањето и им помага на луѓето со ментална болест.
Не е важно што мислат другите за мене, важно е само што мислам јас за себе “, вели Роуин.