Бил Гејтс жали што се дружел со богаташот обвинет за трговија со малолетнички

Сподели со своите пријатели

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, рече дека жали што се дружел со Џефри Епштајн, богаташот обвинет за трговија со малолетници, и нагласи дека тоа е голема грешка.

Loading...

– Беше голема грешка што поминував време со него, што му дадов кредибилитет да биде во мое друштво, изјави Гејтс за Си -Ен -Ен.

– Бев со него неколку вечери со надеж дека Епштајн ќе обезбеди милијарди за филантропска организација поврзана со глобалното здравје преку неговите контакти. Кога видов дека нема да има ништо од тоа, нашиот однос заврши, рече Гејтс.

Милијардерот за Си – Ен – Ен изјави дека е загрижен и за Епштајн, кој ја призна вината и беше осуден во 2008 година за изневерување малолетници многу години пред да го сретне.

Односот помеѓу Гејтс и Епштајн датира од 2011 година, кога тој плаќал средства на организацијата Гејтс и ЈП Морган.

На Мелинда Гејтс и пречело нивното познанство, па им кажала на своите пријатели колку е лута на неговата поврзаност со осуден педофил и како не сака да има ништо со тоа.

Апсењето на Епштајн привлече големо внимание поради договорот што му овозможи да се изјасни за виновен за поткуп на малолетници во Флорида со цел да избегне посериозни федерални обвинувања.

Против него сведочеа дури 36 девојки, а тој отслужи само 13 месеци затвор во 2008 година.

Loading...

Во август 2019 година, Епштајн беше пронајден мртов во својата ќелија во Њујорк, и како што беше објавено во тоа време, тој извршил самоубиство со бесење.

Leave a Reply