Бил Гејтс е позитивен на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Софтверскиот магнат и голем донатор на Светската здравствена организација, Бил Гејтс, вели дека е позитивен на корона вирусот.

Loading...

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во вторникот потврди дека бил тестиран за вирусот Ковид-19 и дека резултатот е позитивен и дека ќе биде изолиран додека не закрепне.

Објавата следеше додека Гејтс ја подготвуваше својата фондација да се залага за повеќе мерки за превенција од пандемијата, а објави и книга на оваа тема, пренесува RT.

„Резултатот од тестот за коронавирусот е позитивен. Имам благи симптоми и ги следам советите на експертите со тоа што се изолирам додека повторно не бидам здрав“, напиша Гејтс на Твитер во вторникот, додавајќи:

„Среќен сум што сум вакциниран и имам пристап до тестирање и одлична медицинска нега“, напиша тој.