Бил Гејтс: До лето 2022 година коронавирусот на ниво на сезонски грип

Сподели со своите пријатели

Основачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс, на прес-конференција во Сингапур изјави дека верува оти бројот на луѓе кои умираат од коронавирус ќе се „намали“ бидејќи повеќе луѓе ќе бидат вакцинирани и ќе станат подостапни нови лекови. дека болеста ќе биде на ниво на сезонски грип.

Loading...

Американскиот милијардер беше интервјуиран за време на новиот економски форум на Блумберг и во таа прилика изјави дека бројот на починати и заразени од Ковид до средината на 2022 година би можел да го достигне нивото на сезонски грип, но под услов да не се појави нов сој, објави Блумберг.

Гејтс посочи неколку причини зошто верува дека ќе се намали бројот на преноси.

Тој рече дека се повеќе луѓе ќе развиваат природен имунитет, ќе има повеќе вакцини и ќе станат достапни антивирусни лекови, наведува „Фокс бизнис“.