Бил бездомник, а сега милионер: Никој не сакал да му го купи сајтот, сега вреди 6,7 милиони

Сподели со своите пријатели

Австралиецот Хари Сандерс (23), кој со години живеел без дом и работа, објасни како благодарение на талентот што го открил кога бил дете, станал милионер.

Loading...

„Никој не очекува да стане бездомник, но јас се соочувам со тоа цел живот“.

Единствено што имал била веб – страница што се занимава со SEO оптимизација и која се обидел да ја продаде за да собере пари за кирија, во што не успеал.

 

Сепак, се покажало дека е многу добро, бидејќи вредноста на неговиот сајт се искачила на дури 5,83 милиони фунти (околу 6.760.000 евра).

Како што вели, тој пораснал „мешајќи се“ на веб-страниците и на тој начин ја открил својата страст за оптимизација работејќи со скратено работно време во агенција.

Прво работел без плата цело време додека не бил на училиште за да оствари контакти, и имал лаптоп од старата школа и „евтин телефон што се исклучува“, па се упатувал кон локалното засолниште за бездомници за да ја користи нивната WI-FI мрежа.

Loading...

 

По една година напорна работа од првата плата, Хари се преселил во куќа, а потоа платата почнала да расте.

„Заработката на сите овие пари е одлична сега, но не изгледа реално. Имам компанија вредна милиони долари, но понекогаш сепак се нервирам со печиво од три долари и се прашувам: Дали навистина ми треба ова?“