Според институтот за бои „Pantone“, пролетта и летото ќе ги обележат 10 контрастни бои, кои ќе внесат енергија во сечиј орман.
Творците на палетата се потпираат на мешавината од енергија, виталност и релаксација, поттикнати од сончевите денови и свежиот планински воздух, односно будењето на природата и новиот живот.
Во продолжение, ви откриваме кои се најмодерните нијанси за претстојната сезона, но и темата која стои зад секоја од нив:
1. Primrose Yellow 13-0755
Веселата жолта нијанса зрачи со топлина и енергија, преубаво се комбинира, а потсетува на светлите сончеви денови.
2. Pale Dogwood 13-1404
Пастелната розова нијанса е тивка и мирна, а најдобро изгледа на меки ткаенини. Ја претставува невиноста и чистината, како и дискретната убавина на суптилните рози.
3. Hazelnut 14-1315
Бојата на лешник е неутрална и совршена нијанса за пролетната сезона. Има топла нота, а овозможува совршени комбинации со живите и динамични бои од новата палета.
4. Island Paradise 14-4620
Боја која евоцира спомени на тиркизните води и рајските острови. Буди чувство на опуштеност и желба да отпатуваме некаде далеку со мислите, уживајќи во небото без облаци и песочните плажи.
5. Greenery 15-0343
Интензивно зелената боја со примеси на жолта, има за цел да ја разбуди потребата за истражување и експериментирање. Прогласена е за хит боја за 2017 година, а нè охрабрува да живееме во духот на екологијата.
6. Flame 17-1462
Црвено-портокаловата огнена нијанса не асоцира на забава и сласт.
7. Pink Yarrow 17-2034
Оваа сезона, не кажувајте збогум на циклама – розовата боја! Таа е весела и каприциозна, а во искушение е да ја охрабри и личноста која ја носи да стане таква.
8. Niagara 17-4123
Релаксирачката сина нијанса ќе биде најчесто видената нијанса оваа пролет. Погодувате зошто? Ќе ја носиме во сите можни варијанти и модели на тексас облека.
9. Kale 18-0107
Маслинестата нијанса го поттикнува здравиот начин на живот, но и ја буди во нас желбата да се поврземе со природата. Ја симболизира плодноста, виталноста и изобилството.
10. Lapis Blue 19-4045
Последната боја на листата е интензивната и моќна сина нијанса, која им е наменета првенствено на самоуверените дами.
crnobelo.com