БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Како да го преживеете температурниот шок?

Сподели со своите пријатели

Во Македонија, а и на целито Балкан до крајот на оваа недела се очекува ладно и облачно време со дожд, а веќе следната недела ќе порасне до 26 степени целзиусови. Тој температурен шок нема да им одговара ниту на здравите, ниту на болните, додека најмногу ќе патат астматичарите, хронично болните и кардиолошките болесници.

Наглото затоплување може да доведе до сериозни здравствени проблеми, ако не се прилагодиме на временските услови. Големите разлики во атмосферскиот притизок предизвикуваат тегоби и кај здравите и кај болните луѓе. При драстичниот раст на температурата може да дојде до голем скок на крвниот притисок.

Пациентите кои боледуваат од астма можат да имаат посилни напади. Таквото време ги погодно е и за вирусите, кои можат да ги нападнат и болните и здравите, а ако неприлагодено се облечеме може да дојде и до прелада.

Температурниот шок ќе им зададе маки и на здравите. Промената на времето ќе влијае и на малите, па немојте да ве зачуди ако бидат посебно раздразнети.

Многу е важно да се внимава на децата да не се препотуваат. Кај малите како и кај возрасните здрави луѓе може да дојде до појава на вртоглавици предизвикани со промена на времето. Покрај адекватното облекување, многу е важно да го зајакнете имунолошкиот систем.

Не постои лек кој може да ја замени физичката активност, затоа треба што повеќе да се движиме. Внесувајте доволно течности, а свежото овошје и зеленчук треба да ги јадете секојдневно.

Посебно е важен витаминот Ц и внесување во доволни количини, како и минералите.

Што кому најмногу му се заканува овие денови:

Здрави: прелада, ринитиа, воспаление на грлото ив ртоглавица

Хроничните заболени: зачестени и посилни напади, прелада, ринитис, восплание на грлото и вртоглавица

Деца: раздразнетост, препотување, вртоглавица, ринитис, воспаление на грлото и прелада

Постарите: замор, прелада, ринитис, воспаление на грлото и вртоглавица.

 

Loading...