БИБЛ лигата ги потврди Куманово и ТФТ

Сподели со своите пријатели

Екипите на Куманово и ТФТ оваа сезона ќе бидат дел од БИБЛ лигата, информација која ја потврди самото натпреварување, а стартот е закажан за 20 октомври.

Loading...

Нашите две екипи заедно со Берое и Пловдив (Бугарија), Ибар (Црна Гора), и веројатно една екипа од Косово ќе бидат во балканскиот сегмент од натпреварувањето кој според усвоениот систем ќе разигрува во една група во која секоја од екипите ќе одигра по десет натпревари (по пет на домашен и пет на гостински терен).

Во сегментот каде што ќе се натпреваруваат израелските претставници се подлеени во четири групи од кои победниците во два меча со вкрстување меѓу себе ќе ги дадат двата учесника кои ќе им се приклучат на четирите прволасирани од балканската група со што ќе бидат формирани нови две групи со по три учесника.

Двете првопласирани екипи од двете групи ќе обезбедат директен пласман на „Фајнал-фор“ турнирот.

Leave a Reply