Кошаркарите на Куманово ја впишаа првата победа во рамките на БИБЛ лигата, откако на домашен терен вчеравечер го совладаа составот на црногорскиот Ибар Рожаје со резултат 96:92.
Loading...
Одличен старт покажаа избраниците на тренерот Игор Михајловски, кои по само три минути игра на паркетот имаа водство со резултат 10:6. Таквиот начин на игра кај кумановци се задржа и до крајот на првите десет минути од натпреварот кога семафорот покажуваше водство за домашниот состав со резултат 23:19.
И втората четвртина со мали осцилации во резултатот сепак беше во корист за кумановци кои со водство од четири поени, односно резултат 49:45 заминаа на полувреме.
Loading...
Во 28-та минута од мечот, „сино-белите“ имаа двоцифрено водство со резултат 67:56, меѓутоа уморот од два натпревари неделно и секојдневни тренинзи ги исцрпе силите кај кошаркарите на Куманово. Црногорскиот Ибар Рожаје направи серија од 3:18 со што во последната четвртина влезе со водство од четири поени.
Сепак со слободните фрлања на Караџовски, кумановци повторно ја вратија предноста, а со помош на Јанеси имаа и резултат 87:84 неколку минути пред крајот. Гостите изедначија со тројка, па Штерјов и Јанески донесоа резултат 91:77. Но, Црногорците не се предаваа лесно, последните 40 секунди резултат повторно изедначен, овој пат 92:92.
Сепак, со поддршка од публиката, а со одлична игра на Караџовски и Раме, Куманово триумфираше со 96:92.
Loading...
Најдобри во ростерот на домаќинот беа репрезентативците Димитар Караџовски и Марјан Јанески кои реализираа по 22 поени, а четири помалку и српскиот интернационалец Мирко Ковач.
– Знаеме дека денеска сите знаат да играат кошарка, мислам дека играчите, односно мојот тим, денеска беше уморен и од натпреварите во БИБЛ и сабота што игравме натпревар со екипата на Охрид, но сепак собравме сили со желба во последните три минути и успеавме да го добиеме овој натпревар, честитки за екипата на Ибар за добрата игра и желбата за победа и им посакувам среќа во понатамошното натпреварување, изјави Игор Михајловски, тренер на КК Куманово.
– Се работи за добра екипа, ние се обидовме да скаутираме, ослабнати сме без четворка и петка, кои се повредени, така да јас сум задоволен, секако не можам да бидам задоволен кога ќе загубиме натпревар, но се работи за искусна екипа на Куманово, воиграна, веќе три кола одиграа, а ние не го почнавме уште првенството во Црна Гора, така да ова е сосема заслужено, еден вистински натпревар, првенствена, добра за публиката и за нас. Им честитам на Куманово за победата, изјави Младен Остојиќ, тренер на КК Ибар Рожаје.
Следниот натпревар кумановци го играат во домашниот шампионат и тоа веќе во сабота кога го пречекуваат составот на Карпош Соколи, а во Балканската лига следен противник им е екипата на Академик Бултекс од Пловдив, Бугарија.
Loading...
Loading...