БиБиСи: Отворен оган врз хуманитарниот коридор во Мариупол

Сподели со своите пријатели

Би-би-си јавува дека руските сили го гранатираат патот за евакуација на цивили од градот Мариупол во Украина.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко изјави дека руските војници го напаѓаат хуманитарниот коридор меѓу тој град и Запорожје, кој е оддалечен 225 километри.

 

Стравични снимки по синоќешното бомбардирање низ Украина: Досегашната штета е 10 милијарди долари (ВИДЕО)

 

Тој исто така рече дека осум камиони и 30 автобуси се на пат да достават хуманитарна помош во градот и да ги евакуираат цивилите во Запорожје.

Цивилите во Мариупол речиси една недела живеат без вода и струја, а им снемува храна.