Би сакала подобро да ја запознам земјата на Александар Велики, рече Колумбијката Паола (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Луѓето вчера беа многу среќни и уживаа, а тоа целата група ја правеше да се чувствува како дома, рече денеска Колумбијката Паола Андреас Саласар, директор на Компанија Артистика „Мангаларес“, едно од фолклорните друштва кое е дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2019“.

Loading...

– Имаме многу тесен распоред и од тие причини не можеме да го запознаеме целиот град, а сакаме воедно и да го запознаеме главниот град, можеби ќе го посетиме утре. Луѓето вчера беа многу среќни и уживаа, а тоа целата група ја правеше да се чувствува како дома, тоа се луѓе кои уживаа во нашата музика, танцот и колоритот на нашите костими. Добро е да се биде тука, изјави Андреас Саласар.

Како што додаде убавата Колумбијка, би сакала подобро да ја запознае земјата на Александар Велики.

– Знам дека ова е земјата на Александар Велики и сакам да знам повеќе бидејќи сакам историја, но времето е прекратко и затоа не можеме да знаеме се за оваа прекрасно место и оваа прекрасна држава, додаде таа.

Инаку вечерва колумбиското фолклорно друштво ќе настапи на втората вечер од фестивалот со колумбискиот танц „Карибиан“, кој е исполнет со звукот на тапанот.

Фестивалот се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, од 19:30 часот, а влезот за сите граѓани е бесплатен.

Loading...

Leave a Reply