Компанијат аCable.co.uk спроведе истражување во Велика Британија за навиките за користење на интернетот. Истражувањето е спроведено на 2.500 испитаници, а резултатите се застрашувачки.
Имено, 29 проценти од испитаниците се толку зависни од интернет, што би дозволиле да им се отсечат прстите во замена за постојан пристап до интернет.
Околу 25 проценти од луѓето не можеле да одлучат дали повеќе сакаат да уживаат во брз пристап до интернет или да ги задржат прстите.
Во слично истражување спроведено од британскиот ISP Hyperoptic, 45 проценти од испитаниците изјавиле дека би се откажале од чоколадо во замена за стабилна интернет-врска во текот на неделата.
Исто така, 24 проценти од луѓето би се откажале од алкохол во замена за интернет.
Дали сте изненадени од резултатите?