Компанијата Blue Origin, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, објави нови планови.
Имено, станува збор за планови за развој на комерцијална вселенска станица наречена Орбитален гребен, во која ќе учествува и американската компанија Боинг.
Во соопштението се наведува дека целта е да се лансира орбиталната станица во втората половина на оваа деценија.
Партнер во овој проект ќе биде компанијата Sierra Space, која е дел од корпорацијата Sierra Nevada Corp., Redwire Space, Genesis Engineering Solutions и Државниот универзитет во Аризона, објави Ројтерс.
Вселенската станица „Орбитален гребен“ ќе се користи како „деловен парк со мешана употреба“, а проектот се планира да обезбеди инфраструктура потребна за зајакнување на економските активности и отворање нови пазари во вселената, објавија Blue Origin и Sierra Space.
„Искусни вселенски агенции, високотехнолошки конзорциуми, суверени држави без вселенски програми, медиуми и туристички компании, претприемачи, спонзорирани пронаоѓачи и инвеститори кои размислуваат за иднината – сите имаат место на Орбиталниот гребен“, се вели во соопштението на компанијата.
https://youtu.be/dmmVVZtAH2Q