Безос „малку“ осиромаше, но и натаму може да нѐ купи сите

Сподели со своите пријатели

Џеф Безос ја изгуби титулата најбогатиот човек во светот.

Loading...

Имено, неговата вредност падна за 13,9 милијарди долари за само еден ден, бидејќи цената на акцијата на Амазон АМАЗН минатата недела нагло падна за 7 проценти, откако компанијата објави помалку очекуван раст во вториот квартал. Безос сега тежи 194 милијарди долари.

Падот на вредноста на Безос му овозможи на францускиот тајкун Бернар Арно да го заземе првото место во листата на најбогатите.

Арно го води конгломератот за луксузни производи LVMH, чии подружници се Louis Vuitton, Sephora, Moet & Chandon и Tiffany & Co.

 

 

Арно сега има 3 милијарди долари повеќе

Loading...

Арно го зголеми своето богатство за речиси 100 милијарди долари во текот на првата година од пандемијата.

Нето богатството на Арно во понеделникот изнесуваше 195,8 милијарди долари и 192,6 милијарди долари на Безос.

Безос минатата година влезе во историјата како прв човек вреден 200 милијарди долари, бидејќи Амазон имаше огромни добивки од пандемијата.

Двајцата милијардери се бореа за првото место во текот на мај и јуни оваа година, но неодамнешниот пресврт стави крај на 50-дневната трка на Безос на врвот.

Во светот има вкупно 2.755 милијардери, од кои 86 проценти се побогати отколку пред една година.

Leave a Reply