НАСА одлучи привремено да ја прекине работата на проектот за изградба на вселенско летало што ќе слета на Месечината, според договорот вреден 2,9 милијарди долари што го потпиша со компанијата „Спејс Икс“, на Илон Маск.
Тоа се случи во четвртокот, откако ривалот „Блу Ориџин“ на бизнисменот Џеф Безос, поднесе тужба против американската вселенска агенција, во која се наведува дека тоа е „обид да се отстранат недостатоците во проектот на НАСА за слетување луѓе“.
Американски судија закажа сослушување за 14 октомври по овој случај.
НАСА објави дека престанала да работи со компанијата „Спејс Икс“ за системот за слетување луѓе до 1 ноември.
„За време на оваа привремена суспензија, сите страни се согласија за забрзано судење, кое завршува на 1 ноември“, соопшти американската вселенска агенција.
Да потсетиме, Канцеларијата за одговорност на американската влада застана на страната на НАСА минатиот месец, поради нејзината одлука да избере само еден снабдувач на Месечината, отфрлајќи го протестот на Блу Ориџин.