Бездомник вратил паричник со 2.000 евра, па следел пресврт: „Ова не го ни сонував“

Сподели со своите пријатели

33-годишниот Хаџер Ал-Али, бездомник од Амстердам, не знаел каков пресврт ќе следи откако неодамна пронашол паричник во кој имало 2.000 евра и го однел во полициска станица.

Loading...

Паричникот го нашол на главната железничка станица во градот додека барал празни лименки, пренесува Yahoo.

„Помислив, можеби некому навистина му требаат тие пари“, рече Хаџер.

Меѓутоа, во паричникот немало лични документи, па полицијата не можела да го пронајде сопственикот.

Без разлика, тие сакале да го наградат чесниот пронаоѓач.

„Секогаш верувам дека друго добро доаѓа од добро дело“

Полицијата му врачи ваучер од 50 евра и признание во форма на сребрена статуетка со палец (награда што полицијата ја доделува на заслужни граѓани на Амстердам), а потоа започна кампањата за групно финансирање, која собра повеќе од 34.000 евра за Хаџер во еден ден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Тогаш тој самиот решил да ги прекине уплатите.

„Многу сум благодарен за се, но не сакам да бидам алчен. Сакам да си ги заработам парите“, рекол тој.

Loading...

Но, тоа не беше крајот.

На Хаџер на крајот му била понудена работа од сопственик на фирма за асфалтирање.

„Мојот живот дефинитивно ќе се подобри после ова, сега можам повторно да инвестирам во иднината. Секогаш верувам дека уште едно добро доаѓа од доброто дело, но вакво нешто не сум сонувал“, заклучил тој.