Бездомник во Италија добил на лотарија: „Документите ми се истечени“

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот бездомник кој минатиот месец на лотарија освоил 37.000 евра, но не можел да го искешира ливчето бидејќи имал застарени документи, на крај на помош му дошле властите кои му овозможиле да ги добие парите, објавија италијанските медиуми.

Loading...

Џанлуиџи, попознат по прекарот Касано, на почетокот не можел да го уплати билетот бидејќи немал здравствена книшка, а даночниот број му бил истечен.

Како што објави италијанскиот весник „Кориере Адријатико“, по еден месец бирократски компликации, официјалните лица минатиот петок изјавиле дека тој може да ги повлече парите.

„За да ги соберете добивките, потребен ви е здравствен сертификат, но јас немам. Имам само стар даночен број кој е неважечки“, рече Џанлуиџи, додавајќи дека сам ќе располага со освоените пари и дека се уште сака да остане „невидлив“.

На 24 октомври, Касано доби премија на лотот 4+1, плаќајќи 1,5 евра за тикетот.

Џанлуиџи е по потекло од Апулија. Оние кои го познаваат во неговиот роден град Сенигалија, летувалиште во провинцијата Марке, му го дале прекарот „Касано“ по поранешниот напаѓач на Рома и Италија, Антонио Касано, кој е роден во градот Бари.

Приказната за среќата се најде на насловните страници на италијанските весници и портали.