Бездомник 3 години седел на истото место, а причината за тоа ќе ви го скрши срцето

Сподели со своите пријатели

Цели три години овој бездомник седел на истото место на една улица во Вебстер во Тексас. Без оглед на временските услови, луѓето секогаш можеле да го пронајдат на истото место. Но, никој никогаш не го прашал зошто седи тука, а властите знаеле дека мора нешто да се направи во однос на ова момче…

Еден ден, жена по име Џинџер Спрауз, одлучила да му пријде. Низ разговорот дознала дека тој има 32 години и дека се вика Виктор Хабард. Сите знаеле дека тој е бездомник, но ретко кој знаел дека тој има ментално нарушување. Она што го дознала Џинџер го променило нејзиниот поглед кон овој маж. Причината поради која тој седел три години на истото место навистина го скршила нејзиното срце.

Имено, неговата мајка го напуштила кога имал само три години и оттогаш бил препуштен сам на себе. А, местото на кое стои било местото на кое последен пат била видена. На овој начин, тој се надевал дека можеби повторно ќе ја средне неговата мајка.

Џинџер не можела да остане рамнодушна на оваа приказна. Таа одлучила да го вработи Виктор во ресторанот кој го водела со нејзиниот сопруг. Виктор почнал да оди на терапии за да ја лекува својата болест. Многу луѓе ширум САД му ја пружиле својата поддршка.

Исто така, му понудиле помош за да ги пронајде членовите на неговото семејство. Џинџер успеала да стапи во контакт со неговиот вујко. Благодарение на него, Виктор повторно се сретнал со неговата мајка. Како што рекол, почувствувал дека го исполнил она што го посакувал со години.

Сепак, ништо од тоа не би било можно без Џинџер. Тој ја смета за свој ангел чувар. Понекогаш навистина е добро да имате една великодушна личност покрај себе, за да направите големи работи во животот. Ние сме трогнати од оваа приказна и навистина е убаво да се слушне дека се` уште постојат луѓе кои се грижат за другите.

https://www.youtube.com/watch?v=XLqJbAh73Vw

Loading...
tocka.com.mk