Неколку локации во кумановско денеска ќе бидат без вода поради дефекти во дистрибутивната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „11 Ноември“ (од улица „Србо Томовиќ“ до улица „Индустриска“), „Киро Фетак“, „6 Април“, „Пчинаки пат“, „Пелинска“, како и м.в. Стари Лозја.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски