Неколку локации во Куманово во текот на денешниот ден ќе бидат без вода поради дефекти во дистрибутивната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „180“ и „40“ во населбата Карпош, улицата „Тоде Думба“ од броевите 68 до 86, улица „Крсте Мисирков“, улица „С. Сељо“ во населбата Вера Которка и претпријатијата во кругот на поранешната фабрика „Киро Фетак“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски