Без вода шест локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со вода денеска има кај корисниците од улицата „120“ во населбата Карпош поради детекција на дефект на водоводна мрежа.

Без вода е и СОУ „Перо Наков“ поради дефект на внатрешна водоводна мрежа на училиштетоо, додека на улицата „Бајрам Шабани“ (крстосница со ул. „Б. Буха“) се врши ископ на ров за изведба на нова водоводна шахта.

Улицата „Вук Караџиќ“ е без вода поради изместување на водомер, поради дефект на водоводната мрежа вода нема населбата Средорек, а поради приклучок на мрежата без вода се корисниците на улицата „Б.Б. Гуцман“.

Никола Ивановски