Шест локации во Куманово денеска се привремено без вода пораид дефект на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без водоснабдување привремено се улиците „Јане Сандански“ бр. 43 поради изместување на водоводен приклучок, улицата „Славиша Вајнер“ поради дефект на водоводна цевка, како и улицата „252“ во населбата Ајдучка чешма.
Поради дефект во водомерна шахта без вода е улицата „Иго Тричковиќ“ број 33, како и улицата „403“ во населбата Иго Тричковиќ.
Поради дефект на водоводна цевка вода нема и на месноста Романовски пат.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Во меѓувреме на улицата „120“ во населбата Карпош се врши местење коцка како времена коловозна покривка, додека на улицата „Х. Т. Карпош“местење бекатон на тротоар.
На улицата „11 Ноември“ се врши отпушување улична фекална канализација, на улиците „11 Октомври“ и „Братство Единство“ се врши чистење сливници на атмосферска канализација, додека на булеварот „Октомвриска револуција“ се врши чистење на канализационен приклучок.
Никола Ивановски

