Без вода во текот на денешниот ден во Куманово ќе останат шест локации.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефект вода денеска ќе немаат корисниците од улиците „Никола Тесла“, „Ванчо Апостоловски“, „Киро Антевски“, „Поток Серава“, „Доктор Рибар“, како и населбата Долно Којнаре.
